Полициска акција во Италија: Уапсени 85 лица поврзани со производство на дрога

Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Италијанската полиција утрово уапси 85 лица обвинети за разни кривични дела, пренесува агенцијата Анса.

Акцијата е резултат на двегодишна истрага спроведена во неколку италијански градови, од Палермо до Рим, а уапсените се обвинети за производство и дистрибуција на дрога, корупција, мито, уцена и продажба на оружје.

Меѓу уапсените и Џузепе Витале, поранешна шефица на мафијашкото семејство „Фардака”, која соработуваше со полицијата за време на претходното апсење, а последните две години, од тајна локација, работеше на набавка и дистрибуција на дрога.

Поради корупција, уапсен е и еден затворски чувар, за кој е утврдено дека како курир ги овозможува врските на мафијашите во затворот со надворешниот свет.

Истрагата утврди дека некои локални политичари се поврзани со мафијата, а минатата година општинскиот совет беше распуштен бидејќи некои членови биле вмешани во мафијашки работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот