Полицијата во Чешка ги предупреди нудистите: Може да бидете без облека, но маски мора да носите

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Властите велат дека нема собирања во поголеми групи и дека устата мора да биде покриена.

Во САД и добар дел на Европа маските за лице се поретко се носат на улица, меѓутоа Чешка има строги правила кои граѓаните мора да ги почитуваат. Тоа важи дури и за нудистите, јави Си Ен Ен.

Меѓутоа кон крајот на минатиот месец, кога беше пикот на епидемијата, полицијата мораше да ги предупредува граѓаните дека мора да носат маски.

Маските се задолжителни за сите, а ова предупредување го издадоа чешките сили за безбедност, откако полицијата доби пријава дека во градче источно од Прага, излегуваат нудисти кои уживаат на топлото време и не носат маски за лице.

За жал, многу граѓани кои се сончаат се собираат во големи групи, а некои не носеле маски, соопшти полицијата.

Властите велат дека нема собирања во поголеми групи и дека устата мора да биде покриена.

– Граѓаните смеат, на одредени локации предвидени за тоа, да бидат без облека, но и натаму мора да ја прекријат устата и не смеат да се собираат во преголем број, предупредија властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот