Полицијата уапси 28 лица кои биле на недозволена домашна забава

Албанска полиција, Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 3 часот на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишени од слобода се 28 лица, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Имено, постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на улицата „Славејко Арсов”, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица приисутни на домашна забава.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот