Полицијата приведе 15-годишен крадец од Скопје

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Во разговор со полициски службеници, со присуство на негов родител и адвокат, тој го признал делото и потврдил дека го извршил заедно со А.Х..

Вчера во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Скопје за кого бил распишан централен распис поради сомнение дека извршил тешка кражба во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“.

Во разговор со полициски службеници, со присуство на негов родител и адвокат, тој го признал делото и потврдил дека го извршил заедно со А.Х..

Извршен е разговор и со А.Х. , кој исто така го признал делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот