Полицаец од станицата „Центар“ малтретирал жена 

Одделот за внатрешна контрола на МВР поднесен кривична пријава против полицаецот В.С. од полициската станица „Центар“ во Скопје кој малтретирал жена.

Од МВР известија дека против полицаецот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело малтретирање во вршење на служба.

Според полицијата, ноќта помеѓу 28 и 29 минатиот месец, сега осомничениот врз приведена жена применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.

„Од извршениот увид во видео записот на полициската станциа „Центар“ евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност“ се вели во наодот на Одделот за внатрешна контрола на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот