Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Полицијата уапси криумчар на мигранти баран со потерница

Денеска околу 10 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба го лиши од слобода 26-годишниот И.Ѓ. од Гевгелија.

Тој бил баран по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл.418-б „криумчарење мигранти” и 418-в ‘„организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти” за што е осуден на казна затвор во траење од осум години и шест месеци затвор.

Лицето по приведувањето е предадено во КПУ-Затвор Идризово за понатамошна постапка, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот