Фото: илустрација / МВР

Полицијата цврста против нелегалното оружје – заплени две пушки од 63-годишна жена во Росоман

Во уште еден забележителен успех на полицијата во борбата против нелегалното оружје во Македонија, настрада 63-годишна жена од кавадаречкото село Росоман, на која органите на редот дома ѝ нашле две пушки и куршуми.

„ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Т.(63) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. Пријавената, без дозвола од надлежен државен орган, во својот дом во Росоман држела ловечки карабин „сувенир“ М-92, ловечка пушка ,,застава” кал.16 мм и куршуми различен калибар“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот