Пол Макартни најави нов албум, со кој се навраќа на детството во Ливерпул
Легендарниот музичар Пол Макартни најави свој прв солистички албум по повеќе од пет години, кој ќе излезе во мај.
Препорачано
Поранешниот член на „Битлси“ во новото музичко издание се враќа на детството поминато во Ливерпул, пишува „Ројтерс“.
Албумот, насловен „The Boys of Dungeon Lane“, го добил името според стих од синглот „Days We Left Behind“, објавен минатата недела. Макартни ја опиша песната како „песна за сеќавањата“.
„Токму за тоа размислував – за деновите што останаа зад нас. Често се прашувам дали пишувам само за минатото, но потоа си велам: па за што друго да пишувам? Сè се тоа бројни сеќавања на Ливерпул“, изјави 83-годишниот музичар.

Според соопштението објавено на неговата официјална страница, песните евоцираат спомени од растењето во повоениот Ливерпул, на неговите родители, како и на авантурите со колегите од бендот, Џорџ Харисон и Џон Ленон, пред „Битлси“ да ја достигнат светската слава.
Макартни откри дека дел од песната „Days We Left Behind“ се однесува на Џон и улицата Фортлин, каде што некогаш живеел.
„Живеев во населба наречена Спик, која беше претежно работничка. Немавме многу, но тоа не беше важно бидејќи луѓето беа прекрасни, па ни не забележувавте дека нешто ви недостига“, рече тој.
Новиот албум, кој покрај носталгични композиции содржи и љубовни балади, Макартни го снимал во Лос Анџелес и Сасекс, во паузите меѓу настапите од неговата светска турнеја, во соработка со продуцентот Ендру Ват.
„The Boys of Dungeon Lane“ е осумнаесетти соло-албум во богатата кариера на Пол Макартни.


