Покетино ќе му биде ривал на Ристовски во Португалија!?

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Маурисио Покетино со Тотенхем успеа да стигне до финалето во Лига купот и Лигата на шампионите.

Аргентинскиот тренер кој минатата година доби отказ во Тотенхем, според португалскиот медиум „Рекорд“ е најсериозен кандидат за клупата на Бенфика од Лисабон, градскиот ривал на Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Маурисио Покетино со Тотенхем успеа да стигне до финалето во Лига купот и Лигата на шампионите.

Во тренерската кариера ги водеше уште екипите на Еспањол и Саутемптон, овој период повторно се шпекулира околу иднината на Аргентинецот.

Го поврзуваа претходно со Баерн, Манчестер јунајтед, а се шпекулираше и Њукасл кој наскоро се очекува да добие нов сопственик.

Но, според последните информации, како што пишуваат Португалците, можно е да ја води Бенфика која е подготвена да му понуди договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот