Јовица Ивановски, поет

Поетската збирка „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски ќе има промоција во „Лабораториум“

Во новиот „Лабораториум“ (12-та Македонска ударна бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница) во Скопје, на 15 декември (понеделник), во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш. Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и на англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.

Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 311, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14.12.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот