Поетска антологија: Две хаику песни од Александар Прокопиев се објавени во „Длабока светлина“

Истакнатиот македонски писател Александар Прокопиев е објавен во рамките на антологијата на светската хаику поезија насловена „Длабока светлина“, каде што се застапени 460 автори од дури 77 држави. Сите хаику песни во изданието се преведени на српски и на англиски јазик. Приредувач на антологијата е Дејан Богоевиќ, а издавач е „Пресинг“ од Србија. Во антологијата Прокопиев е застапен со две хаику песни.

Пет ноќи празен

домот остарел

за цела година.

*

Солза на дланка.

„Чувај се од вода, синко“ –

му вели гатачката.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот