Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“

Истражувачот, публицист и поет проф. д-р Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани се овогодинешните добитници на  државната награда „22 Ноември“ за 2025 година.

На добитниците, наградата им беше доделена денеска во Кристалната сала на Собранието.

Севдаил Демири, изрази длабока благодарност што е овогодинешен добитник, на како што рече, оваа исклучително висока државна награда, која доаѓа како крунисување на речиси три децении непрекината работа во јавната сфера.

-Уште поголема е мојата чест бидејќи ова признание претставува силен симбол на албанскиот идентитет – изјави Демири.

Ресул Шабани, изрази благодарност до претседателот на Собранието, присутните министри и пратеници, пријатели и љубители на образованието и културата и членовите на Советот за доделување на наградата 22 Ноември, порачувајќи дека „просветителните умови“на 22 ноември во градот на конзулите, во Битола го подигнале „темелот на нашиот јазичен идентитет, на албанската азбука“.

Ова признание се доделува на личности од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот