Поетесата Николина Андова Шопова учествуваше на фестивалот „Арс поетика“ во Братислава

Настап на Николина Андова Шопова на „Арс поетика“ во Братислава

Познатата македонска поетеса, Николина Андова Шопова беше претставена на поетскиот фестивал „Арс поетика“ (Ars Poetica) во Братислава, Словачка, известија од Струшките вечери на поезијата.

Избор од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа „Арс поетика“ во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура.

Николина Андова Шопова учествуваше во програмата на фестивалот на 17 ноември во култниот „В-клуб“, мултимедијален културен центар кој претставува средиште на слободната мисла уште од времето на социјализмот.

Фестивалот, кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата „Версополис“ оваа година се одржува од 15 до 22 ноември под мотото „Барајте ја жената“ (Cherchez la femme) и е посветен исклучиво на жени авторки и нивна афирмација.

Словачката поетеса Мартина Стракова со наградата „Мостови на Струга“

Во рамките на програмата на Фестивалот, на словачката поетеса Мартина Стракова ѝ беше врачена плакетата со наградата „Мостови на Струга“, меѓународна награда што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО за дебитантска книга од млади автори до 35 години.

Стракова беше добитничка на наградата во 2020 година за нејзината дебитантска книга „Разгледници од невидливите места“, но заради ковид-пандемијата не беше во можност да учествува на фестивалот со физичко присуство, известија од Струшките вечери на поезијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот