Поетесата Наташа Сарџоска настапи на истанбулскиот поетски фестивал „Офлајн“

Групна фотографија на поетите на „Офлајн“

Македонската поетеса, писателка, преведувачка, професор и антрополог, Наташа Сарџоска, настапи на меѓународниот поетски фестивал „Офлајн“ во Истанбул, кој годинава од 31 октомври до 2 ноември се одржа по седми пат и на кој гостуваа поети од Велс, Холандија, Хрватска, Летонија, Малта, Романија и Турција.

Сарџоска гостуваше како поетеса и во Универзитетот „Једитепе“, каде што освен што читаше свои песни на македонски јазик, а во превод и на англиски и на турски јазик, се сретна со студентите од Катедрата по англиски јазик и книжевност, во рамките на нивниот курс по креативно пишување, и одговори на многубројни прашања во врска со креативниот процес на пишување поезија.

Покрај поетското претставување на Универзитетот, Сарџоска читаше песни и во книжевното кафуле „Антика Китап“, но и во Романскиот културен центар во рамки на истанбулскиот фестивал.

Авторката до сега има објавено шест поетски книги и два романа, како и бројни есеи, колумни, раскази и научни трудови. Нејзината поезија е преведена на повеќе од дваесет светски јазици.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 255, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10.11.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот