Подобро од сладолед: Ледени колачиња од банана без лактоза (РЕЦЕПТ)

Овој десерт може да го замени сладоледот буквално, а ова е радосна вест за оние кои не смеат да консумираат лактоза.

Сладоледот е еден од омилените десерти во текот на летото, но некои луѓе поради интолеранција на лактозата не можат да уживаат во сладоледот. Добра вест е дека постојат доволно добри замени во кои можете да уживате без грижа.

Потребни состојки:

  • 4 зрели бананаи
  • 1 шолјичка кокосови листови
  • 1 шолја мусли
  • 1 шолја иецкани индиски ореви
  • 350 грама чоколадни трошки

Подготовка:

Бананите пресечете ги на три дела и секое парче боцнете го на едно стапче за ражничи. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и ставете ги во замрзнувач најмалку 4 часа.

Растопете ги чоколадните трошки на среден оган со често мешање. Една по една бананите натопете ги во чоколадото па посипете ги со кокосот, мусли или индиските ореви.

Лесно притиснете за да ги прицврстите додатоците.

Вратете ги бананите назад во замрзнвач барем уште половина час.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот