Подгответе се концерт од дома: Вечерва настапуваат Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска

Instagram
Фото: Инстаграм

Популарните пејачи Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска вечерва во 21 часот ќе одржат концерт во живо на стриминг платформата – „YOUBOX“.

Ова ќе биде нивниот прв онлајн концерт и публиката ќе има можност по подолго време да ги види славните сестри заедно на сцената. Она што гледачите можат да очекуваат е одлична атмосфера и маестрално изведба на домашни и странски хитови.


„За жал, сè уште не можеме да се дружиме во живо, но затоа тимот на „YOUBOX“ се обиде да направи светски онлајн концерт. Се гледаме во вторник, на 23 февруари во 21 часот, затоа што јас и Тамара правиме забава!“, им порача пејачката Тијана Дапчевиќ на сите нејзини следбеници на социјалните мрежи.

Најголемите музички ѕвезди од регионот, неочекувани локации и директна комуникација со публиката придонесоа „YOUBOX“ да стане најкористената музичка апликација во регионот со над 400.000 регистрирани корисници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Првата домашна платформа за стриминг е достапна за преземање целосно бесплатно за сите корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот