Поддршка од Ѓоковиќ за Осака: И јас се мачев со депресија, Наоми е многу храбра

epa09157230 Novak Djokovic of Serbia reacts during his semi final match against Aslan Karatsev of Russia at the Serbia Open tennis tournament in Belgrade, Serbia, 24 April 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Најдобриот светски тенисер застана во одбрана на јапонската тенисерка.

Одлуката на Наоми Осака да се повлече од Ролан Гарос поради проблеми со менталното здравје, сè уште е главна вест број еден во тенискиот свет. Изјавата на Осака дека за време на Ролан Гарос нема да комуницира со медиумите крена голема прашина и на крај резултираше со парична казна за тенисерката по што таа се повлече од турнирот во Париз.

Во објаснувањето на својата одлука, Наоми Осака истакна дека има сериозни проблеми со депресијата и анксиозноста, по што почна да добива поддршка од сите страни. Меѓу тие кои упатија зборови со поддршка е и Новак Ѓоковиќ.

Мислам дека Осака е многу храбра поради тоа што го направи. Навистина ми е жал што поминува низ тежок период. Морам да кажам дека нејзината одлука е храбра. Доколку и е потребно време да размисли и да се опорави, тогаш тоа и мора да го направи, а јас во целост на почитувам нејзината одлука. Се надевам дека ќе се врати посилна – порача Ѓоковиќ и додаде дека и тој се борел со депресија:
– Вистина е дека и јас се борев со депресија од УС Опен 2018 година и имав проблеми да се изборам со тоа. Наоми е млада, можам да ја разберам и сочувствувам со неа бидејќи и јас многу пати го извлекував подебелиот крај со медиумите и знам какво е чувството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот