Под мистериозни околности Николче од Буково исчезна на 13 мај, пронајден е мртов речиси три месеци потоа

Некрологот и објавата на МВР за исчезнатиот Николче Николовски/Фото: МВР

Денеска на гробиштата во битолското село Буково ќе биде погребан Николче Николовски (33) по кого семејството, но и полицијата трагаше од 13 мај годинава кога е пријавен за исчезнат.

Телото во распадната состојба е пронајдено вечерта на први август покрај неговиот автомобил паркиран покај Тиквешкото езеро.

На самото место поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес извршија увид следниот ден, а дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта. Поради лошата состојба на телото издаде е и налог за ДНК анализа за да се утврди идентитетот.

Семејството се уште не ги добило резултатите од обдукцијата, па и денеска, на денот на неговиот погреб остануваат неразјаснети сите околности од денот на  неговото исчезнување на 13. мај до денот на пронаоѓањето на безживотното тело, период од речиси три месеци во којникој не го забележал ниту телото ниту пак автомобилот напуштен покрај Тиквешкото езеро. Теренот иако непристапен, сепак го користи локалното население но досега никој не пријави ништо необично во тој крај.

Резултатите од обдукцијата треба да покажат кога умрело момчето и дали станува збор за насилна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот