Поцрвене реката Вардар, инспектори земаат мостри (ФОТО)

Црвеникаво-кафена боја е водата во Вардар, во близина на Долно Лисиче. Според фотографиите објавени на Фејсбук, инспектори на Град Скопје во соработка со Државниот инспекторат на животна средина излегле на терен за да земат примероци. Од инспекторатот најавија поригорозни казни ако се утврди дека станува збор за истиот загадувач.

„Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100 000евра“, пишува на страницата на Инспекторатот на Град Скопје.

На истото место и лани водата беше загадена и обоена во црвена боја.. Инспекторите тогаш утврдија дека загадувањето е предизвикано од погоните на компанијата „Арцелор Митал“, откако се излеала материја измешана со железо и киселина без соодветно да биде третирана во системот за отпадни води.

Фото: Инспекторат на град Скопје
Фото: Инспекторат на град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот