Почнуваат преговорите за укинување на роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија дадоа зелено светло за почеток на преговорите за укинување на роамингот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и  Македонија.

Според информациите од Советот на ЕУ, формалната одлука треба да биде усвоена на 4 јуни, по што ќе започнат поединечни преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,  Македонија и Србија. Од кипарското претседателство со ЕУ порачаа дека проширувањето на зоната без роаминг е силен сигнал за поддршката на европската интеграција на регионот.

-Проширувањето на зоната без роаминг е јасен знак за нашата посветеност кон регионот. Со нетрпение го очекуваме формалното усвојување на одлуката со која се одобрува отворање на преговори за договори- изјави портпаролот на кипарското претседателство.

Европската комисија уште во февруари предложи укинување на роамингот за земјите од Западен Балкан, а очекувањата се преговорите да завршат до крајот на годината.

Доколку процесот се одвива според планот, граѓаните од регионот би можеле веќе следната година да ги користат своите мобилни телефони во земјите на Европската Унија без дополнителни трошоци за повици, СМС-пораки и мобилен интернет- пишува Слободна Европа.

Системот „Роаминг како дома“ е една од најуспешните политики на Европската Унија и функционира од 2017 година. Тој овозможува корисниците да плаќаат исти цени за мобилни услуги во странство како и во својата матична земја.

„Роаминг како дома“- ЕУ почнува преговори за укинување на роамингот за Западен Балкан

Овој модел веќе е проширен и на Украина и Молдавија, иако тие не се членки на Европската Унија, што дополнително ги зголемува очекувањата дека Западен Балкан наскоро ќе стане дел од зоната без роаминг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот