Почнува министерски форум ЕУ-Западен Балкан

западен балкан
Западен Балкан, знамиња / Фото: Слободен печат, архива

Министри за правда и за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија ќе учествуваат на тридневниот собир што денеска почнува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан се одржува еднаш годишно со цел зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи, како и давање поддршка на земјите од регионот на нивниот пат кон членство во Унијата.

– Регионот на Западен Балкан е составен дел на Европа… Затоа е важно да го третираме Западен Балкан како составен дел од нашето управување со заедничките предизвици, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојш.

Главни теми на состанокот на министрите за внатрешни работи ќе бидат справувањето со миграцијата, азилот и границите, борбата против тероризмот, екстремизмот и радикализацијата и борбата против организираниот криминал.

На дневен ред на состанокот на министрите за правда ќе бидат владеењето на правото, реформите во судството, подобрувањето на системот за обука на судии и иницијативите и предизвиците во дигитализирањето на судскиот систем.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот