Почнува кампања за намалување на бројот на бездомни кучиња

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи промоција на проектот„Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” со што и официјално ќе почне кампањата за одговорно сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња.

На промоцијата ќе се обратат министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини.

Станува збор за ИПА проект чија цел е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата во насока на подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат и постоечките системи на надлежните институции.

Кампањата, пак, за одговорно сопствеништво треба да ја подигне јавната свест за благосостојбата на животните, со акцент на стерилизацијата и микрочипирањето на домашни миленици, како една од мерките за спречување на зголемувањето на бројот на кучиња скитници.

Носител на проектот е Агенцијата за храна и ветеринарство, а во реализацијата ќе бидат вклучени Министерството за земјоделство, Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот