Почната е постапка за избор на фирма што ќе печати сведителства, Шаќири се надева дека учениците на време ќе добијат и учебници

Бирото за развој на образованието е одговорно за сведителствата, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири и потенцираше дека пред еден месец има побарано и веќе е почната постапка за економски оператор и се надева оти нема да доцнат и оваа година.

Се надевам дека ќе заврши навремено, а истото прашање упатете го во Бирото, изјави тој денеска.

Прашан дали и следната учебна година ќе доцнат учебниците, тој рече дека се завршени постапките за трето одделение.

Вели дека имаат време да ги одобрат. Посочи дека постапките за шесто одделение веднаш се пуштени на повик за автори, а веќе имаат одобрени учебници за повеќе одделенија, што претходната година биле процес на одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот