Почна викенд доделувањето на „Оскарите“: Семјуел Л. Џексон со почесна награда за животно дело
Во Лос Анџелес, во недела навчер ќе се одржи свеченото доделување на 94тиот по ред Оскар, на кој оваа година „Moќта на кучето“ на новозеландската режисерка Џејн Кемпион има вкупно 12 номинации.
Препорачано
Холивуд го започна викенд доделувањето на Оскарите, доделувајќи почесна статуетка за животно дело на реномираниот актер Семјуел Л. Џексон, и други ветерани во филмската индустрија, за децении посветеност на филмската и хуманитарна работа.
Џексон беше меѓу добитниците на годишната награда Governeros Awards од Академијата за филмска уметност и наука која ќе додели Оскари и за најдобар филм и други категории на свеченоста во живо в недела.

Глумецот Дензел Вашингтон го претстави Џексон вчера, истакнувајќи како се појавил во преку 150 филмови кои заработиле преку 27 милијарди долари на киноблагајните во тек на пет децении.
Преземајќи ја наградата, Џексон се заблагодари на своето семејство, деловните соработници и „сите луѓе кои некогаш купиле карта за било кој од моите филмови“.
„Пробував да ја забавувам публиката на начин на кој Холивуд ме забавуваше мене. Да ги натерам да заборават на своите животни проблеми барем на неколку часа, да се воодушеват, да се радуваат или едноставно да уживаат“ – рече тој.


