Почна со работа фабриката за стакло „ГласФлекс“ во Тетово

Фабрика фото архива на Слободен печат

Вредноста на инвестицијата е девет милиони евра, а предвидени се 300 вработувања.

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло „Глас Флекс”, сопственост на македонско-холандски капитал.

Вредноста на инвестицијата е девет милиони евра, а предвидени се 300 вработувања.

– Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс”.

Фабриката „Глас Флекс” има објект од 9.000 метри квадратни, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот