Почина уште едно новороденче во болницата во Битола

Во текот на вчерашниот ден уште едно бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврди директорката на болницата Елизабета Ивановска.

Според неа станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво.

-Бебето е родено со цезареа, немалтретирано. Породувањето е направено поради вишок на плодова вода и извадено е бебето без знаци на живот, без срцева акција. Деведесет проценти се работи за некоја аномалија зашто на ист начин е починато и претходното бебе, изјави за „Слободен печат“ директорката на болницата во Битола Елизабета Ивановска.

Ова е втор пат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци. Претходната смрт на новороденчето на родилката Викторија Крстевска уште е под неразјаснети околности и се чека јавнообвинителска одлука како ќе се процесуира тој случај. Инспекцијата од Министерството за здравство во случајот со починатото бебе на Крстевска утврдила пропусти, ккао што за „Слободен печат“ тврдеше нејзиниот адвокат Јанаки Митревски. Еден од нив е неблаговременото пристапување кон царски рез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот