Генерал Небојша Павковиќ ФОТО/Н1

Почина српскиот генерал Небојша Павковиќ, осуден за воени злосторства

Генералот на поранешната Војска на Југославија, Небојша Павковиќ, почина во Белград само 22 дена откако беше ослободен од затворот во Финска, каде одлежуваше казна за воени злосторства извршени во 1999 година, за време на војната на Косово и бомбардирањето на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија.

Павковиќ имаше 79 години.

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг на крајот на септември одлучи предвремено да го ослободи Павковиќ поради неговата сериозна здравствена состојба.

За време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, генералот Павковиќ беше командант на Третата армија на Југословенската армија, која беше распоредена на територијата на Косово и Метохија.

Во 2009 година, Хашкиот трибунал го осуди на 22 години затвор, а обвинителството го обвини за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување.

Обвинението против Павковиќ беше откриено во октомври 2003 година, а тој му се предаде на Хашкиот трибунал во 2005 година.

Генералот Небојша Павковиќ ќе биде предвреме ослободен од Хаг поради лоша здравствена состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот