Почина сопственикот на вториот најскап клуб на светот

фото: твитер

Хенк беше најстариот син на Џорџ Стајнбренер, беше препознатлив по својот груб јазик и изјавите со кои ги омаловажуваше противниците.

Денеска почина Хенк Стајнбренер, сопственик на еден од најскапите спортски клубови на планетата, Њујорк Јенкис. Тој после долга и тешка болест почина во 63 година во својот дом во Клирвотер (Флорида, САД).

Хенк беше најстариот син на Џорџ Стајнбренер и воглавно работеше зад сцената, додека неговиот брат Хал водеше како прв човек на бејзбол клубот вреден огромни пет милијарди долари.

Семејството Стајнбренер е во сопствеништво на Јенкис од 1973 година и тогаш за овој клуб беше платено околу девет милиони долари, а сега покрај Далас Каубојс е вториот најскап клуб на светот.

Каубојси кон крајот на минатата година вредеа пет милијарди, но сега се проценуваат на околу пет и пол милијарди долари. Хенк имаше четири деца, две ќерки и два сина. Беше препознатлив по својот груб јазик и изјавите со кои ги омаловажуваше противниците.

Њујорк Јенкис досега во својата историја во американската бејзбол МЛБ лига освои 27 шампионски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот