Фото: Принтскрин/Твитер

Почина славниот Мари Мелвин, беше ѕвезда на „Phantom Of The Opera“ и соработуваше со Стенли Кјубрик

Познатиот британски актер Мари Мелвин, кој меѓу другите работеше со Стенли Кјубрик и Мајкл Кејн, почина на 91-годишна возраст. Неговата смрт беше објавена во петокот од пријател, кој рече дека Мелвин „никогаш не закрепнал целосно“ од падот во декември.

Англискиот актер кој е роден во Лондон во 1932 година, глумеше во спинофот „Doctor Who“ и во „Torchwood“.

Мелвин имаше важна улога како пречесниот Семјуел Рант во филмот „Barry Lyndon“ на Стенли Кјубрик (1975). Во видео проектот „Stanley and Us“, тој зборува за „57 takes (plus 20)“ на Кјубрик.

 


Мелвин е познат и по неговата работа во филмовите „A Taste Of Honey“, „Phantom Of The Opera“...

Филмот на Тони Ричардсон, кој се уште важи за еден од стоте најдобри британски филмови, а кој претходно го играше во театар.

За улогата на хомосексуалецот Џефри Мареј во „A Taste of Honey“ од 1961 година, Мелвин беше номиниран за наградата БАФТА, а на Филмскиот фестивал во Кан ја доби наградата за најдобар актер, а воедно стана постојан член на ансамблот на театарската трупа Џоан Литлвуд.

Своето деби на сцената го имал во 1957 година во Стратфорд играјќи ја претставата „Macbeth“.

Фото: Wikimedia Commons

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот