Почина поранешниот јужнокорејски диктатор Чун Ду-Хван

Почина Чун Ду-хван
Поранешниот јужнокорејски диктатор Чун Ду-хван почина во Сеул/ Фото EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Поранешниот јужнокорејски претседател Чун Ду-Хван, кој управуваше со земјата со „цврста рака“ и ја замолкна целата политичка опозиција, денеска почина на 91-годишна возраст, пренесува Гардијан.

Поранешниот генерал починал во својот дом во Сеул, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Воениот режим на Чун Ду-Хван го надгледувал силниот економски раст на Јужна Кореја и обезбеди Сеул да биде домаќин на Олимпијадата во 1988 година.

Чун бил првиот јужнокорејски лидер кој мирно ја предал власта. Тој ја презел власта по државниот удар во 1979 година, кога беше убиен претседателот Парк Чунг-Хи.

Еден од најомразените луѓе во Јужна Кореја

Тој владеел со земјата од 1980 до 1988 година, брутално замолчувајќи ја целата политичка опозиција. Тој сè уште е еден од најомразените луѓе во Јужна Кореја.

Поранешниот претседател е познат како „месарот Гуангжу“ бидејќи наредил насилно да се задуши бунтот против него на југозападот на земјата. Официјалната бројка на загинати и исчезнати во тој град е околу 200, но активистите проценуваат дека бројката може да биде и три пати поголема.

Чун бил осуден на смрт за предавство во 1996 година, но неговата казна била заменета со доживотен затвор по жалба, а подоцна бил ослободен по помилувањето од страна на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот