Почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ

Фото: NEOTEL

Вчера на 70 годишна возраст, ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ.

„Г-дин Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво. Освен како управител во НЕОТЕЛ, беше постојан член на Одборот на директори на АД НЕОКОМ. Својата богата професионална кариера ја започнува во енергетскиот сектор во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и воедно беше првиот генерален директор на Оператор на електропреносен систем на Република Македонија (АД МЕПСО), соопштија од компанијата НЕОТЕЛ.

„Ќе биде запаметен како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно. Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје“, додаваат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот