Почина братот на Никола Којо, настрадал во несреќа на хиподром

Фото: Инстаграм/Никола Којо

Владимир Којо, брат на познатиот српски актер Никола Којо, почина на 59-годишна возраст, пишуваат српските медиуми.

Инаку, според неофицијални информации Владимир Којо загинал откако бил удрен од коњ на хиподром.

Српските медиуми јавуваат дека Владимир починал по несреќа на белградскиот хиподром. Коњот го соборил јавачот, а братот на Којо притрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и му нанел сериозни повреди, по што Владимир починал во болница.

Никола Којо и остатокот од неговото семејство се простија од Владимир со некролог во кој беше наведено дека погребот ќе се изврши денеска.

„Последен поздрав до мојот мил брат.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот