Почина атлетичарот кој помогна да се фати убиецот на Роберт Кенеди
Легендарниот американски атлетичар Рајфер Џонсон почина на 86-годишна возраст.
Џонсон се натпреваруваше во десетобој, а најголемиот успех во кариерата го оствари на Олимписките игри 1960 година во Рим кога го освои златниот медал.
Но, Џонсон не го прославија само неверојатните спортски достигнувања, атлетичарот во 1968 година стана вистински херој во САД откако помогна да биде фатен убиецот на Роберт Кенеди.
Имено, Џонсон беше добар пријател со сенаторот Роберт Кенеди и учествуваше во неговата претседателска кампања. Кобниот ден, Рајфер Џонсон беше присутен во хотелот во кој Кенеди држеше говор кога палестинскиот терорист Сирхан Сирхан го застрела. Џонсон, играчот на американски фудбал Роси Гриром и новинарот Џорџ Плимптон успеаја да го спречат убиецот да избега.
Славниот атлетичар претставуваше вистинска гордост за Афроамериканската популација во САД, беше голем хуманитарец, а ја основа и организацијата „LA84“ која и денеска има големо влијание во развојот на спортот и можносите за младите во Јужана Калифорнија.
– Чувството на загубата е поголема од благодарноста која секогаш ќе ја чувствуваме поради можноста што блиско соработувавме со Рајфер. Тој беше отелотворение на олимпиското движење – изјави Петер Уберот, извршниот директор на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година кој го избра токму Рајфер Џонсон да го запали олимпискиот оган.