Почина 17-годишниот син на пејачката Шинејд О’Конор: Почивај во мир, светлино моја

Шинејд О'Конор
Шинејд О'Конор и нејзиниот син / Фото: Принтскрин Твитер/Јутјуб

Почина 17-годишниот син на ирската пејачка Шинејд О’Конор. Кантавторката на својот твитер-профил ја потврди трагичната вест.

„Мојот прекрасен син, Невиим Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, реши да ја прекине својата земна борба денес и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Моето дете. Те сакам многу“,

Нејзиниот син Шејн наводно исчезнал од болницата Лин Вард во четвртокот, а полицијата веднаш тргнала во потрага. Последен пат бил виден во населбата Талахт во јужен Даблин, а во саботата полицијата објави дека потрагата е прекината, пренесува „Daily Mail“.

Пејачката има уште три деца, синот Џејк Рејнолдс (34), ќерката Роисин (25) и Јешу (15).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот