Доналд Трамп говори во Давос, Швајцарија - Извор Youtube

„Победа“, „победа“, „победа“… — Белата куќа објави едночасовно видео на Трамп

Белата куќа објави видео на социјалната мрежа „Икс“ на кое американскиот претседател Доналд Трамп постојано го повторува зборот „победа“. Според објавата, видеото трае еден час и е споделено со кратка порака која го нагласува истиот израз.

Објавата доаѓа во период на засилени тензии околу војната со Иран и прекинатите мировни преговори. Истовремено, Трамп го одби најновиот ирански предлог за завршување на конфликтот, кој предвидува отворање на Ормускиот теснец за меѓународна пловидба и укинување на американските ограничувања врз иранските пристаништа, додека нуклеарните преговори би се воделе во подоцнежна фаза.

Ирански претставници наведуваат дека нивниот предлог претставува обид за компромис, со гаранции дека нема да има нови напади врз земјата и постепено укинување на санкциите во замена за ограничувања на нуклеарната програма.

Претседателот Доналд Трамп денеска изјави дека американската сили од морнарицата дејствуваат „како пирати“, спроведувајќи поморска блокада на иранските пристаништа, наметната од Вашингтон за време на американско-израелската војна против Иран.

Војната ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормускиот Теснец, клучна точка низ која поминуваат околу 20% од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.

Трамп: Што и да правам околу Иран, очигледно функционира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот