ПО ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ: Користењето на пластични кеси во Англија намалено за 90 отсто

Фото: Профимедиа

Седумте најголеми супермаркети во Англија продале 490 милиони кеси помалку во 2018 и 2019 година во однос на минатата година – што е речиси двојно намалување, информираше надлежната инстуција во земјата.

Во 2014 година, повеќе од 7,5 милијарди кеси се продавале годишно. За пет години, само 1,1 милијадра се продадени.

Цената од пет пенија (3,52 денари) за пластична кеса исто така придонесе до донации во вредност од 169 милони фунти, со повеќе од 22 милиони фунти во 2018 и 2019 година, велат надлежните.

– Никој не сака да го гледа лошото влијание врз животната средина кое го предизвикуваат пластичните кеси. Бројките покажуваат дека се менува општеството – рече министерката за животна средина на Англија, Тереза Вилиерс.

Владата исто така неодамна најави низа на мерки за да се елиминираат сите форми на пластичен отпад кои може да се одбегнат. Пластичните цевки, мешалки за кафе и чепкалки за уши исто така ќе бидат забранети во земјата од април 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот