По вчерашното невреме, денеска се чистат сливниците и паднатите дрвја
По вчерашното невреме кое го погоди Скопје, оставајќи го градот зад себе со поплавени улици и автомобили заглавени во водата насобрана под подвозниците, со урнати покриви и испаѓани дрва и билборди, денеска постепено ситуацијата се нормализира и се санираат последиците од дождот.
Препорачано
Екипите на јавните претријатија “Улици и патишта“, „Паркови и зеленило“ и „Водовод и канализација“ интервенираа за расчистување на улиците и тротоарите за нормализирање на сообраќајот, за расчистување на сливниците и паднатите дрвја и билбордите од коловозите и тротоарите.
Како што информираат од „Улици и патишта“ интервенции со расчистување на сливниците и паднати дрва имало на булеварите Партизански одреди, Метрополит Теодосиј Гологанов, Кочо Рацин, Филип Втори, подвозник на булевар Киро Глигоров, потоа на булаварите Јане Сандански, на Гоце Делчев кај МТВ и на други локации.
Настанатите последици на светлосната сигнализација сѐ уште се санираат на терен и ќе продолжат во текот на целиот ден со цел воспоставување на нормално функционирање и безбедност во сообраќајот – велат од претпријатието.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
16мин
-
30мин
-
41мин
-
57мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


