Фото: Принтскрин

По тримесечен хаос, дали државната агенција која го гарантира правото за пристап до јавните информации ќе добие нов директор?

Три месеци по завршувањето на мандатот на директорката на Агенцијата за слободен пристап до информации, Пламенка Бојчева, собраниската комисија за избори и именувања конечно избра предлог за нејзин наследник, пренесува 360 степени.

Имено, како нов потенцијален прв човек на институцијата која нема директор од 25 декември, чии вработени три месеци немаа земено плата, нема официјална интернет страна и не работи по жалби, е именуван Петар Гајдов.

Агенцијата без директор, вработените без плата

Како што пренесува медиумот, Гајдов бил државен советник за правни работи кој веќе петта година работи во Агенцијата за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, а предлогот треба да се разгледува на пленарна седница на собраниската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот