По речиси еден век работа, се затвора најстарата пекара во Загреб

Фото Архива

Од најстарата загрепска мајсторска пекара, на последниот ден од оваа година ќе престанат да се шират мирисите на надалеку познатите кифлички, ѓевреци, коктел колачи и разни лебови, јавува ХРТ.

Пекарата е отворена во 1925 година, а е посебна по многу нешта. Рецептите не се променети откако е отворена пред стотина години, а велат дека тајната е во старата печка од тули на дрва. И покрај тоа што одбројува до пензија, газдата Мирослав Трајковиќ продолжува да работи со истиот ентузијазам, но признава дека има измешани чувства.

Пекарата „Дубравица“, со приход од 126,5 милиони куни, е меѓу шесте најголеми во Хрватска, објави Пословни хр.

„Од една страна е тешко, а од друга не можете да се помирите со фактот дека ќе биде затворена. Мора да му дојде крајот. Го постигнав она што можев да го постигнам. Се си има свое зошто и како, но јас го затворам бизнисот. Доста е, многу се 50 години стаж на хартија“, вели Трајковиќ.

Пекарскиот бизнис го започнал неговиот дедо, а потоа го прифатиле татко му и мајка му. Секој ден произведувале повеќе од 200 килограми пекарски производи. Трајковиќ, вели дека занаетчиството во стариот дел на градот полека изумира, а кога ќе се затворат вратите на најстарите загрепски пекари и ќе се исклучат рерните, ќе останат само сеќавањата на старите вкусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот