По планините движење со дозвола, но од понеделник

Шума Водно /Фото: МИА
Забраната за движење низ шуми на Јасен и на Водно и понатаму продолжува да важи, поради двата активни пожари, од кои еден се провлекува веќе 15 дена и не може да се изгасне. Сепак ЈП Национален парк Галичица ја ублажи забраната за движење низ планината и сега издава дозволи за планинарите и посетителите, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес конференција.

– Оваа целосна забрана не важи за физички и правни лица кои имаат итна и неопходна потреба за движење во шума по претходно издадена дозвола за движење од ЈП Национални шуми, вели Ангелов.

Откако на ЦУК, ЈП Национални Шуми, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство им беа потребни два дена за усогласување на одлуката за укинување на целосната забрана за движење, на социјалните мрежи се појавија реакции од планинари кои не успеваат да добијат дозвола поради неажурност на службите. Тие велат дека за дозвола ќе треба да се чека до понеделник.

Од друга страна пак, директорот на ЦУК, Ангелов, вели дека доколку заврне за скоро време има можност целосно да се укине забраната.

– Врнежите доколку се појават во следните денови постои можност за целосно укинување на оваа забрана, но се дотогаш мора да бидеме внимателни. Во практика се покажа дека зголемената свесност кај граѓаните е она што помогна да се намали бројот на пожари и координираното дејствување на нашите институции, додава Ангелов.

Адитив кој спречува ширење на шумски пожари и четири патролни квадрицикли за брзо детектирање евентуални пожари е новонабавената опрема што ќе се користи за заштита од пожари на парк шумата Водно.  Денеска беше претставена вежба за гасење пожар на врвот на Водно.

Во моментов ктивни се четири пожари во земјава. Се уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот