По Орбан, Мицкоски на средба и со Јанша во Љубљана: Светот оди напред, ние молиме за вакцини

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжува мини-турнејата по земјите од регионот и Европа. Од денеска тој пестојува во Словенија каде, како што најави на својот профил на Фејсбук, ќе се сретне со премиерот Јанез Јанша.

Организаторот нa геj-oргијата во Брисел открива: Унгарскиот европратеник правел секс-забави и во својот дом

Мицкоски во кусиот статус критикува дека овие европски земји одат со крупни чекори напред, додека ние сè уште молиме за донации за вакцини против ковид-19.

– Земјата оваа година се подготвува за претседателство со ЕУ. Дискусиите се за водење на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото да биде вакцинирано 70 проценти од вкупното население против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 милиони дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори. А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Од, како што наведува, краткиот престој во Унгарија, видел дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот.

– Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5,18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9 отсто, додека нашата е во рецесија, напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека кај нас сè уште нема одговорност за кој било за случајот со пациентката која на породување изгуби три органи.

– Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците. Важно е најавен е нов, петти, пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот. Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред, пишува Мицкоски.

Кажувам, пишува тој, „доста е, мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста“.

-Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации, потенцира Мицкоски.

Мицкоски за ДВ: Нема време за губење, со Заев четири години тапкаме во место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот