По обвинувањата за сексуални вознемирувања: Полицијата се откажа од истрагата против пејачот на „Рамштајн“

Тил Линдеман / Фото: EPA

Германската полиција се откажа од истрагата против Тил Лидеман, пејачот на германската метал група „Рамштајн“, за серија наводни сексуални вознемирувања, пишува „Би-би-си“.

Од обвинителството велат дека немањето докази ги навело да се откажат од истрагата.

Како потсетување, истрагата беше отворена во јуни годинава, откако неколку жени излегоа со сведоштва дека 60-годишниот Тил Линдеман ги врбувал за секс по концертите на „Рамштајн“.

Една од нив е и Шелби Лин од Северна Ирска, која верува дека ѝ била ставена дрога во пијачката и дека била „подготвувана“ на секс.

„Постои организиран систем на регрутирање девојки“, рече таа во интервју за „Би-би-си“.

Лин тврдеш дека, по концертот на „Рамштајн“ во Литванија, била спроведена во мала соба зад бината, каде потоа пристигнал и Линдеман. Таа раскажа дека заминала од собата откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

Нејзините обвинувања предизвикаа лавина признанија за сексуален напад, при што многу жени и девојки веруваат дека тие, како Лин, биле издвоени на социјалните медиуми од страна на една Русинка за да имаат секс со Линдеман.

Пејачот ги отфрли сите обвинувања, а неговите адвокати тврдеа дека тие се „без исклучок, неточни“.

Групата „Рамштајн“ е формирана во 1993 година и е позната по нивните театрални концерти и контроверзни текстови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот