Повредени неколку лица во сообраќајни незгоди
Вчера околу 12.25 часот на локалниот пат Куманово-с.Горно Коњаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово, и патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово.
Препорачано
По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,,Пежо“ М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.
Некаде околу пладне во Општа болница Дебар било пријавено дека е примен Б. С. (47) од Дебар со повреди здобиени при паѓање од трактор во с. Кривци. Од страна на лекар му се констатирани тешки телесни повреди и се работи на расчистување на случајот.
На 26.07.2019 околу 20,35 часот во Штип на ул.„Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ. В. (30) од с.Долни Балван – општина Карбинци и патничко моторно возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од В. К. (55) од Штип. Ѓ.В. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде од страна на доктор констатирани му се тешки телесни повреди. На В.К. му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Штип.


