По Фајзер и АстраЗенека најави кратење на ветените дози вакцини во ЕУ

epa08906461 A woman working in a nursing home is vaccinated against the coronavirus at the Arena Treptow vaccine center in Berlin, Germany, 27 December 2020. In background Dilek Kolat, State Minister for Health, Care and Equality in the city of Berlin. The first shipments of coronavirus vaccines developed by BioNTech and Pfizer have arrived across the European Union, authorities started to vaccinate the most vulnerable people in a coordinated effort on 27 December. EPA-EFE/MARKUS SCHREIBER / POOL

Фармацевтската компанија АстраЗенека во петокот ги извести функционерите на ЕУ дека ќе ја намали испораката на својата вакцина против ковид-19 за Европската унија дури за 60 отсто, односно на 31 милион дози во првото тромесечие од годинава. Причина за тоа се проблеми со производството, изјави висок европски функционер за агенцијата Ројтерс.

Компанијата требаше на земјите членки на ЕУ да им испорача околу 80 милиони дози до крајот на март, изјави функционер кој бил вклучен во тие преговори.

АстраЗенека исто така се согласи да испорача над 80 милиони дози во второто тромесечие, но во петокот не можеше да наведе рокови за испорака од април до јуни поради прашањето за производство, рече функционерот кој додава дека компанијата планира почеток на испорака во ЕУ на 15 февруари, како што и беше првобитно предвидено.

Компанијата соопшти дека причина за намалувањето на планираните пратки е проблем со производството во фабриката за вакцини во Белгија со која управува нејзиниот партнер Новасеп, рече европскиот функционер за Ројтерс.

Портпаролот на АстраЗенека рече дека почетните испораки на вакцини во ЕУ, кои компанијата ги развива со Оксфордскиот универзитет, нема да ги достигне планираните количества поради застој во производството.

„Почетните количества ќе бидат помалку од првобитно предивидените поради намаленото производство во фабриката внатре во европскиот ланец на снабдување“, рече портпаролот без да наведе други детали во соопштението.

„Ќе испорачаме десетици милиони дози во февруари и март во ЕУ, додека продолжуваме со зголемување на производството“, додаде портпаролот, но не ја наведе првобитно договорената цел.

Австриски информативен портал ОЕ24 исто така извести за можно доцнење со испораката и дека АстраЗенека им соопштила на европските координатори за вакцинирање во четвртокот дека во првото тромесечие ќе испорача значително помало количество вакцини отколку што е договорено.

ОЕ24 додаде, без да наведе извори, дека австрискиот координатор Мартин Ауер им соопштил на сојузните покраини дека испораката на вакцини за Австрија од првобитно договорените 2 милиони дози вакцини е скратена на меѓу 500.000 и 600.000 дози.

Се очекува дека Европската агенција за лекови (ЕМА) на 29 јануари ќе ја одобри вакцината на АстраЗенека.

Во ЕУ досега се одобрени вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна, но постои проблем и со нивната испорака.

Угур Сахин, извршниот директор на германски Бионтек, изјави за неделникот Дер Шпигл дека компанијата се обидува да најде нови партнери за достава на сировини. Додаде дека Бионтек кон крајот на јануари ќе има појасна слика колку дози вакцини дневно ќе може да произведе.

Фајзер одби да ги коментира наводите за можни проблеми со набавка на сировини, а од Модерна не пристигна одговор. Проблеми со набавка може да се појават од молекули на ДНК до наночестииц на липиди, додава Андреј Зарур, директор на компанијата ГринЛајт Биосајансис.

„Фајзер и Бионтек покренаа преговори со набавувачи како Трилинк, Алдеврон и Њу Индладн Биолабс за да одговорат на предизвикот, и за ланецот непречено да функционира, ќе биде потребна соработка на владите и индустријата“, нагласува Зарур.

Американската компанија Фајзер се обврза дека оваа година ќе испорача 40 милиони дози вакцини против ковид-19 во склад со напорите на СЗО да обезбеди вакцини и за сиромашните земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот