По долго отсуство од социјалните мрежи се огласи Адел – со посебна причина

Instagram
Instagram

Иако во последните години ретко се појавуваше во јавноста, особено откако ослабе и изгледа подобро од кога било, британската пејачка Адел реши да сподели неколку нови фотографии со своите верни обожаватели на својот инстаграм-профил каде ја следат повеќе од 39,2 милиони…

Од крајот на јануари, кога ја одбележа десетгодишнината од издавањето на нејзиниот албум „21“, Адел немаше објавено ништо на на социјалните мрежи.

До вчера, кога реши да сподели дури три нови фотографии со своите обожаватели со цел да го одбележи својот 33 роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

На првата, црно-бела фотографија, пејачката настрана и позира со пуштена коса и насмевка, а вниманието го привлекува тетоважата на Сатурн, направена во чест на нејзиниот син Ангел.

На другата фотографија таа е во морето и ги шири рацете во воздухот, облечена во шарен костим за капење со долги ракави, додека погледот го крие зад очилата за сонце.

Но, за многумина најпозитивна и најомилена е третата фотографија на која Адел танцува. Фотографијата изгледа како да е направена сосема случајно. Трите фотографии собраа повеќе милиони лајкови, а честитките се нижат и во текот на денешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот