По Даме Груев позади Собрание се вози само по левата лента, десната е затворена за сообраќај

Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев. Машински се гребе оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица Македонија до улицата 11 Октомври, односно делот од улицата што поминува позади државното Собрание.

Поради изведба на градежните активности десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација, додека на левата левата страна сообраќајот нормално се одвива.

Времениот сообраќаен режим, како што известуваат од „Улици и патишта“ ќе важи до завршување  на градежните активности на улицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот