По Божиќ ќе се знае дали Димовски ќе замине за амбасадор во Париз

Виктор Димовски, директор на АНБ / Фото: Архива на Слободен печат

Дали ексдиректорот на АНБ Виктор Димовски ќе замине за амбасадор во Париз се очекува да биде појасно идната недела за кога се закажани консултациите меѓу шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни раборти Бујар Османи. Шефот на дипломатијата потврди дека веднаш по Божиќ, на 9 јануари за Димовски и за листа со предлози за пополнување на 14 амбасадорски места ќе има средба со Пендаровски и со Ковачевски.

Заминувањето на Димовски за амбасадор во Париз стана спорно по скандалот со македонското државјанство за рускиот олигарх Олександр Онишченко кој е на црната листа на САД.

Онишченко, македонското државјанство го доби во време на директорувањето на Димовски со АНБ, која беше една од четирите институции која даде позитивно мислење за Онишченко да добие македонски пасош.

По скандалот, Владата му го одзеде државјанството на Онишченко, а и по двата извештаи изработени од АНБ, еден од Димовски и еден од новиот директор на Агенцијата Зарко Милошевски, јавноста не доби одговор чија е одговорноста за пропустот олигархот да добие македонско државјанство, бидејќи собраниската Комисија за надзор над работата на безбедносните служби беше зад затворени врати, поради класифицираните информации.

За извештајот на АНБ за Онишченко треба да се најде и на затворена седница на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот