По 107 часа спасени уште двајца од урнатините во Турција
Уште две лица беа спасени денеска од урнатините на петкатна зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 107 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција.
Препорачано
Во нивното спасување учествувал и спасувачки тим од Босна и Херцеговина, јави Анадолија.
Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. Спасувачите слушнале гласови под урнатините на зградата за време на денешната спасувачка операција.
Откако утрово извлекле шестмина преживеани, спасувачите добиле информација дека под урнатините останале уште двајца членови на семејството и веднаш ги интензивирале напорите за да ги спасат луѓето. По огромни напори успеале да ги извлечат од урнатините.
Во акцијата за спасување учествуваа припадници на спасувачката служба Горска од Сараево. Вкупно 20 од нив предводени од Фахрудин Добрача пред два дена отпатуваа во Турција за да им помогнат на турските граѓани погодени од земјотресот.
Спасените лица поради повредите со кои се здобиле во земјотресот се пренесени во болница.
ВИДЕО | „Нѐ слушате ли?“: Уште се слушаат крици од луѓето заробени под урнатините во Турција
Триумф на надежта: И 100 часа по земјотресот спасени неколку луѓе
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


