Фото: KF Arsimi

ПМФЛ: Арсими и Башкими освоија по бод, двете екипи во трката за опстанок

Фудбалерите на Арсими и Башкими одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 31 коло во Првата македонска лига. На стадионот во Гостивар, домашниот тим беше подобар противник во првото полувреме и поведе со 1:0, додека Башкими во вториот дел беше поактивен и успеа да израмни.

Првиот гол беше постигнат во шестата минута по една топка упатена кон Рамадани, кој успеа да го мине противничкиот фудбалер и да избегне офсајд позиција, по што со силен удар ја затресе мрежата на Јашар, на радост на домашните навивачи. Иако помошниот судија првично го поништи погодокот, но по реакцијата од ВАР собата и извршената проверка, голот беше признат како регуларен.

На стартот од второто полувреме, Башкими доби пенал, но ударот на Никел Ор заврши во пречката. Во 58 минута, Алексовски се најде во идеална позиција за погодок, но Силјановски одлично реагираше.

Во 70 минута, по корнерот што го изведе Фусник Зука, Орр беше највисок во скокот пред голманот Силјановски и со удар со глава израмни на 1:1. До крајот на натпреварот следуваа уште неколку шанси на двете страни, но резултатот остана непроменет.

На две кола до крајот на првенството, двете екипи во моментов се наоѓаат надвор од зоната за бараж и сѐ уште имаат реални шанси да го обезбедат прволигашкиот статус без дополнителни натпревари и за следната сезона. Во претпоследното коло, Арсими ќе гостува кај Силекс во Кратово, додека Башкими ќе биде домаќин на Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот