Племе во Амазонија уби бразилски службеник: Доби стрела во градите, ја извади и падна мртов!

Фото: YouTube/ScreenShot

„Извикал, ја искорнал стрелата од градите, потрчал 50 метри и безживотно паднал“, рече полицаецот кој ја следел експедицијата во аудио снимката објавена на социјалните мрежи.

Владин службеник и водечки експерт за изолираните амазонски племиња е убиен со стрела која го погодила во градите отккао се приближил до племенската група која сакал да ја заштити, јави Ројтерс.

56-годишниот Риели Франциската целата своја кариера ја поминал како службеник во државната агенција за племенски заедници Фунаи, каде работел да воспоставување резерват кој би ги заштитил племињата кои немаат допир со надворешниот свет.

Оваа среда, кога се приближил до племенската заедница која живее покрај резерватот Уру Еу Вау на границата со Боливија погоден е со стрела.

„Извикал, ја искорнал стрелата од градите, потрчал 50 метри и безживотно паднал“, рече полицаецот кој ја следел експедицијата во аудио снимката објавена на социјалните мрежи.

Невладината организација Канинде чиј основач во 80-тите години бил Францискато, порача дека племенските заедници не разликуваат пријатели од непријатели во надворешниот свет.

Неговата смрт доаѓа во момент кога домородните заедници во Бразил се посебно загрозени поради илегалните дрвосечачи и копачи на злато кои се охрабрени од политиките на десничарскиот претседател Жаир Болсонаро, чија цел е развој на Амазонија и намалување на резерватите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот